HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев, оствари средба со Директорот на Царинска управа, Николовски

МЈА: Министерот Минчев, оствари средба со Директорот на Царинска управа, Николовски

spot_img
spot_img

Министерот за Јавна Администрација, Горан Минчев, оствари средба со Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

На средбата се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката и насочување на административните процеси кои влијаат на царинското работење.

Преку креирање на стратешки политики, решенија и унапредување на ефикасноста и ефективноста на јавните услуги, Министертсвото за Јавна Администрација, има за цел да поттикне систем на јавна администрација кој е транспарентен, ефективен и одговорен кон потребите на граѓаните – истакна Министерот Минчев.

Соработката со Министерството за Јавна Администрација е од клучно значење за модернизирање на царинската служба преку обезбедување и развој на капацитети кои ќе доведат до ефикасно, транспарентно и отчетно работење – посочи Директорот Николовски.

Извор: Министерство за јавна администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте