spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик - Министер за Јавна администрација

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна администрација

Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик – Министер за Јавна администрација.

Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик – Министер на Министерството за Информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, му посакаа топло добредојде на ново именуваниот заменик министер за Јавна администрација, Лазе Јаќимоски.

Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево при Универзитетот Св. „Климент Охридски“ Битола.

Министерот Минчев го информираше Јаќимоски за тековните процеси и актуелните предизвици во Министерството за јавна администрација и му посака успех во извршувањето на функцијата.

Извор: Министерство за Јавна администрација

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...