Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оствари средба со постојаниот претставник на UNDP (United Nations Development Programme) Армен Григоријан.
Министерот Андоновски се заблагодари за поддршката на УНДП што се одвива во континуитет, преку проекти и експертиза, со цел борба против корупцијата со помош на дигитализацијата и изградба на едно демократско општество.
Конструктивната средба резултираше со заедничка согласност за конкретни активности и соработка со Министерството за дигитална трансформација во корист на граѓаните за постигнување на поквалитетен стандард на живеење.