HomeМинистерстваМЛС: Интензивирање на активностите за дигитализација на локалните услуги

МЛС: Интензивирање на активностите за дигитализација на локалните услуги

spot_img
spot_img

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.

На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со подршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а оддржливоста ќе биде обезбедена со поддршка од Министерството за дигитална трансформација.

Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.

-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински.  Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретните чекори.

Извор: Министерство за локална самоуправа

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија