spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продлабочување на соработката со УНОПС на проекти за одржлив развој

МЖСПП: Продлабочување на соработката со УНОПС на проекти за одржлив развој

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) Микела Телатин.

Главната цел на средбата беше реализацијата на тековните проекти од кои се очекуваат значителни придобивки, и можности за нови проекти што ќе влијаат на долгорочниот и одржлив развој на државата и директно ќе влијаат на заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Притоа, беше реафирмирана заложбата на двете страни за натамошно зајакнување на соработката и интензивирање на реализацијата на овие значајни проекти!

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...