HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжуваат Швајцарските инвестиции за клучните прашања во животната средина

МЖСПП: Продолжуваат Швајцарските инвестиции за клучните прашања во животната средина

spot_img
spot_img

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман. Средбата имаше за цел натамошно зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Швајцарија и продлабочување на соработката меѓу нашите две држави на повеќе полиња.

Продолжуваат Швајцарските инвестиции за клучните прашања во животната средина 2

За време на средбата, Меџити и Улман разговараа за важноста од продлабочување на соработката за клучните прашања за животната средина и просторното планирање и унапредување на одржливиот развој на нашата држава во оваа насока. Покрај соработката во областа на животна средина, амбасадорката Улман ја нагласи посветеноста на Швајцарија во поддршката на економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија.

Фокусот на дискусиите беше промоцијата на швајцарските инвестиции во Северна Македонија, вклучително и проширување на културните и академските размени меѓу двете земји.

Двете страни се согласија дека треба да продолжат да работат заедно за промовирање на мирот, стабилноста и одржливиот развој во Северна Македонија и регионот!

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија