spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Средба на министерот Минчев со британскиот амбасадор Лосон

МЈА: Средба на министерот Минчев со британскиот амбасадор Лосон

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Н.Е. Метју Лосон.

На средбата, министерот Минчев изрази срдечна благодарност за континуираната поддршка од Британската амбасада во процесот и реализацијата на кампањата и иницијативите насочени кон идните заложби и реформи во јавната администрација.

Оваа соработка го нагласува силното партнерство помеѓу двете земји и заедничка посветеност за поттикнување транспарентно, ефикасно и фокусирано делување на јавната администрација.

Министерот Минчев го информираше амбасадорот Лосон за визијата, приоритетите и заложбите на работата на министерството, насочени пред се кон постигнување на цели за поттикнување на поинклузивен и поефективен систем на јавна администрација.

Извор: Министерство за јавна администрација

Прочитајте

МФ: Димитриеска Кочоска – Да обезбедиме влез на поголем број учесници...

0
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со...