Денеска се одржа работна средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорката на Република Грција Н. Е. Софија Филипиду.
Средбата беше во насока на разгледување на можностите за соработка и размена на искуства во однос на дигитализацијата.
Дигиталната трансформација и иновативните дигитални решенија во јавниот сектор, стратегиите за унапредување на дигиталните компетенции со осврт на грчкото искуство беа во фокусот на разговорите.
Андоновски и Филипиду заклучија дека продолжувањето на меѓусебната соработка и искористувањето на најдобрите практики поврзани со дигитализацијата ќе донесе значајни придобивки, особено во делот на дигиталните услуги.