HomeМинистерстваМДТ: Средба Андоновски – Филипиду: Меѓусебната соработка ќе донесе значајни придобивки

МДТ: Средба Андоновски – Филипиду: Меѓусебната соработка ќе донесе значајни придобивки

Денеска се одржа работна средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорката на Република Грција Н. Е. Софија Филипиду.

Средбата беше во насока на разгледување на можностите за соработка и размена на искуства во однос на дигитализацијата.

Дигиталната трансформација и иновативните дигитални решенија во јавниот сектор, стратегиите за унапредување на дигиталните компетенции со осврт на грчкото искуство беа во фокусот на разговорите.

Андоновски и Филипиду заклучија дека продолжувањето на меѓусебната соработка и искористувањето на најдобрите практики поврзани со дигитализацијата ќе донесе значајни придобивки, особено во делот на дигиталните услуги.

Извор: Министерство за Дигитална трансформација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...