spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, јуни 2024 година

ДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, јуни 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни

2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 101.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година,

бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.9 %, и во секторот Снабдување со

електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2024 година, во однос на јуни

2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 15.6 % и Трајни производи за широка

потрошувачка за 16.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 % и Нетрајни

производи за широка потрошувачка за 5.4 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот

јануари – јуни 2023 година, изнесува 101.7.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...