HomeМинистерстваМНРТ: Соопштение

МНРТ: Соопштение

spot_img
spot_img

Почитувани,

Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Н.Е. Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје.

Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации.

Извор: Министерство за надворешни работи и трговија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија