Општина Бутел продолжува со реализирање на ветените проекти за граѓаните.
Започнува изградба на нови детски игралишта во детската градинка во населба Радишани и во Љубанци.
Нови детски катчиња за најмладите дечиња, со многу нови содржини за квалитетно да го поминуваат слободното време.
Ќе биде поставена нова висококвалитетна мека подлога, за безгрижна игра на дечињата. Исто така, ќе бидат поставени и нови реквизити, нова урбана опрема и ќе се изврши целосно уредување на просторот.
Општина Бутел е поубаво место за живеење со многу нови содржини.
Извор: Општина Бутел