spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Студентите постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките...

МОН: Јаневска – Студентите постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици

Министерството за образование ги поддржува младите во стремежите кон подобро образование и подобра иднина. Студентите, како прогресивна општествена сила, постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски.

И во услови на истрошен буџет и минус од 5 милијарди денари, министерката Јаневска вети дека тоа нема да се одрази врз студентскиот стандард. Продолжува реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, а наскоро ќе започнат активностите во „Стив Наумов“ во Скопје. Ќе следи подобрување на условите во домовите во целата држава, а во меѓувреме ќе се обезбеди алтернативна опција за сместување за студентите кои ќе ги исполнуваат конкурсните услови.  

Во име на студентите, Николовски ги изложи очекувањата од новото раководство на министерството за поголема соработка и заложба во насока на подобрување на студентскиот стандард. Како што посочи, за идните академски граѓани особено важно е МОН навремено да ги исполнува обврските по основ на исплата на стипендии, субвенциониран оброк и други права, што не било пракса во минатото.

Министерката Јаневска укажа дека високо го цени младинскиот ангажман, посочувајќи дека сите иницијативи внимателно ќе бидат разгледани, затоа што заедничка цел е подигнување на квалитетот на образовниот и научниот процес.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МДТ: Министерот Андоновски се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е....

0
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Ами Ларсон., на која се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката.  Министерот Андоновски и се...