spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Успешните практики од средното стручно образование можат да се пренесат и...

МОН: Успешните практики од средното стручно образование можат да се пренесат и во високото

Швајцарија ја продолжува успешната соработка со Министерството за образование и наука насочена кон создавање квалитетен воспитно-образовен систем. Ги интензивираме заедничките активности за натамошно јакнење на стручното образование и проширување на учењето преку пракса во високото образование. Ова беше заклучено на средбата на министерката за образование и наука Весна Јаневска со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Македонија, Вероник Улман.

Министерката Јаневска се заблагодари за поддршката, посебно за активностите во рамки на Швајцарскиот проект „Образование за вработување“(Е4Е@мк), што во континуитет продуцираат квалитетни кадри во средното образование, подготвени за брзо вклучување во работата на компаниите и истовремено способни за успешно продолжување кон факултетско образование. 

Амбасадорката Улман и министерката Јаневска се согласија дека позитивните искуства од средното стручно образование можат да се пренесат и на повисокото ниво на образование, со што ќе се овозможи поголемо приближување на студиските програми до реалниот сектор.

Министерката Јаневска информираше и за другите промени во системот на образование кои имаат приоритет, насочени кон наставните планови и програми, регулативата за средното и високото образование како и ориентацијата кон зацврстување на научната работа на академскиот кадар.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...