Остварив работна средба со Неговата Екселенција амбасадорот на Република Турција во Република Македонија г-дин Фатих Улусој кој беше придружуван од неговите соработници за трговија и за верски прашања.
На средбата од двете страни беше искажана и потврдена подготвеноста за активна и отворена билатерална соработка преку заеднички проекти кои би се реализирале во иднина.
Амбасадорот Улусој ја потенцираше економската соработка и најави дека по завршувањето на средбата ќе ја посетат Фабриката за кабли која е со турски инвеститори, а остави и отворена можност за идна соработка со општина Неготино преку Агенцијата за соработка на Турција во Македонија ТИКА.
Како градоначалник на општина Неготино ја искажав подготвеноста за соработка на повеќе полиња во иднина, а воедно и јавно се заблагодарив за помошта од Република Турција во гаснењето на пожарите во земјава, а посебно на планината Серта со 1 хеликоптер и 2 ер трактори.
Извор: Општина Неготино