HomeОпштиниНеготино: Амбасадорот на Турција Фатих Улусој во посета на општината

Неготино: Амбасадорот на Турција Фатих Улусој во посета на општината

spot_img
spot_img

Остварив работна средба со Неговата Екселенција амбасадорот на Република Турција во Република Македонија г-дин Фатих Улусој кој беше придружуван од неговите соработници за трговија и за верски прашања.

На средбата од двете страни беше искажана и потврдена подготвеноста за активна и отворена билатерална соработка преку заеднички проекти кои би се реализирале во иднина.

Амбасадорот Улусој ја потенцираше економската соработка и најави дека по завршувањето на средбата ќе ја посетат Фабриката за кабли која е со турски инвеститори, а остави и отворена можност за идна соработка со општина Неготино преку Агенцијата за соработка на Турција во Македонија ТИКА.

Како градоначалник на општина Неготино ја искажав подготвеноста за соработка на повеќе полиња во иднина, а воедно и јавно се заблагодарив  за помошта од Република Турција во гаснењето на пожарите во земјава, а посебно на планината Серта со 1 хеликоптер и 2 ер трактори.

Извор: Општина Неготино

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте