spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе гарантира безбедност на...

МЛС: Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе гарантира безбедност на месното население

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, како дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од Албанија.

Ова е еден од неколкуте проекти коишто се во завршна фаза, а во чија реализација Министерството има партнерски удел, а истовремено е и актуелна неговата сфера на делување, со оглед на активните пожари ширум земјава. Тоа беше дополнителна причина, министерот Перински, да изврши увид во текот на досегашната реализација на проектот и да ги разгледа можностите за евентуална помош во актуелното справување со пожарите ширум земјава.

Министерот Перински се увери дека досегашната имплементација напредува одлично и констатираше дека наскоро ќе биде овозможена организирана и навремена реакција во случај на пожари, што ќе влијае на зголемена заштита на безбедноста на месното население и на животната средина во прекуграничната област.

„Сега, кога на повеќе локации во земјава демнеат пламени јазици, несомнено е дека проектот суштински ќе делува за заштита на регионот во секој поглед. Истовремено, овие противпожарни капацитети веќе би можеле да ги ставиме во функција за гаснење на пожарите каде има потреба од логистичка поддршка. Во конретниов случај пак, загарантирана ќе биде безбедноста на преку 65.000 месно население, на нивните имоти, како и на 8.000 хектари планински терен и шумски појас во прекуграничниот регион. Нема да има простор за стравување. За жал, во минатото поради недостиг од соодветни капацитети, уништени беа над 5.000 хектари шума, а на моменти во опасност беше доведена и безбедноста на животите и имотите на населението од 30 рурални населби во регионот. Тоа сега ќе стане минато,“ истакна министерот Перински, кој изрази задоволство што освен за примарната намена за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње, проектот е од големо значење и за Националниот парк Шар Планина, кој граничи со двете општини.

Домаќини на Перински му беа Ердал Ахмет, секретар на Општина Врапчиште и Елдин Мехмети од Општина Врапчиште, градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емсиу заедно со раководителот на ЛЕР во Општината, Назмије Алиу и проектниот координатор во Општината, Икмет Селмани, како и проектниот менаџер на „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, Рубин Николовски.

Тие го информираа министерот дека, освен новоизградениот објект за Пожарната, набавено е специјално противпожарно возило и друга опрема, пожарникарите се стекнале со сертификати за работа, поставени се аларми за детекција на пожари во три основни училишта, а 8.200 ученици од регионот се едуцирани за превенција и заштита од пожари, како и за негативното влијание на пожарите врз животната средина. Во рамки на проектот, досега набавено е и противпожарно возило за потребите на албанската Општина Черик.

„Во наредните три месеца, планирани се обуки и тренинзи на пожарникарите во Врапчиште, Боговиње и Черик, ќе се преземат чекори за воспоставување волонтерски систем за противпожарна заштита во трите општини, а предвидена е и кампања, обуки и едукација на населението за подигнување на свеста за превенција и заштита од шумски пожари,“ најави проектниот менаџер, Николовски.

Со цел постигнување на додадена вредност од имплементацијата на проектот, а во насока на подобрување на националниот систем за заштита од непогоди, одговорните лица на проектот го известија министерот Перински, дека се потребни законски измени со цел финансискиот товар за работењето на станицата и нејзините вработени да не остане на скромните капацитети на двете рурални општини.
„Добро би било преку законска интервенција новоизградената ТППЕ да стане дел од Законот за пожарникарство,“ посочија од проектниот тим.
Министерот ги информираше дека Владата веќе има формирано работна група која во иднина треба да се позанимава со предлог измени на Законот за пожарникарство, затоа што во моментот постоечкиот е несоодветен на потребите кои ги има државата.

„Ме радува што заеднички делуваме во насока на поголема безбедност и заштита како на животите и имотите на населението, така и на природните ресурси на земјава. Партнерските односи се гаранција за поефикасно справување со бариери од секаков тип, и верувам во заеднички дијалог и активности и во иднина, не само во рамки на земјава, туку и во однос на прекуграничните соработки,“ додаде Перински.

Вредноста на целиот проект е речиси 860.000 евра. Општините Врапчиште и Боговиње партиципраат со 545.000 евра, Министерството го помага проектот со 81.750 евра, а останатите средства се обезбедени преку ЕУ Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Предвидено е проектот да биде финализиран на крајот на месец ноември.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...