spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Работна средба со новоназначената заменик амбасадорка на САД, Никол Варнс

МДТ: Работна средба со новоназначената заменик амбасадорка на САД, Никол Варнс

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одржа работна средба со новоназначената заменик амбасадорка на САД, Никол Варнс, на која и посака добредојде и успешна работа.

Во фокусот на разговорите беше досегашната успешна соработка и поддршката во однос на клучните процеси во земјава, како и приоритетите поврзани со дигиталната трансформација како примарна цел на Министерството.

,,Одличната стратешка билатерална соработка е особено важна да продолжи во ресорот од исклучително значење – дигитализацијата на општествата и сајбер безбедноста“, истакна министерот Андоновски, кој на средбата беше придружуван од заменик министерот Радослав Варџиски и од државната секретарка во МДТ, Гордана Клинчарова.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...