В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети основните училишта „Гоце Делчев и „Љубен Лапе“, каде се вршат редовните подготовки за стартот на новата учебна година.
ООУ „Гоце Делчев“ доби целосно нови елементи за кујната во која истовремено можат да се опслужат околу 50 ученици. Исто така, уреден е и дел од училишниот двор, кој е приспособен за безбедна игра и дружење на најмалите ученици.
ООУ „Љубен Лапе“ новата учебна година ќе ја почне со нови, современи смарт-табли, донација од трговскиот центар „Ист гејт мол“, а најавено е продолжување на соработката меѓу оваа општествено одговорна компанија и Општина Аеродром.
Училиштето во текот на летниот распуст доби и две дополнителни училници, со што е зголемен капацитетот за прием на ученици.
Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да инвестира во сите училишта еднакво, а на сите ученици и наставници им посакуваме успешна нова учебна година.
Извор: Општина Аеродром