HomeОпштиниБутел: Основните општински училишта подготвени за почеток на новата учебна година

Бутел: Основните општински училишта подготвени за почеток на новата учебна година

spot_img
spot_img

Денес градоначалникот Дарко Костовски одржа работен состанок со директорите на општинските основни училишта и директорот и раководителите на градинките на територија на општина Бутел, во новото општинско основно училиште “Визбегово”, на кој се разговараше за подготвеноста на училиштата за почеток на новата учебна година.

Директорите го информираа градоначалникот дека сите паралелки се формирани и дека училиштата се подготвени за почеток на учебната година.

Сите ученици новата училишна година ќе ја започнат со училишни униформи,
мерка која се воведе за првпат во општина Бутел.

Покрај тоа, се обезбедени ранче и прибор за секое прваче.

Оваа учебна година започнува со уште едно ново општинско училиште во
населеното место Визбегово кое е целосно подготвено да ги пречека сите
ученици.

Општина Бутел е подготвена за почетокот на новата учебна година.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија