spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Новата трпезарија во ООУ ,,11 Октомври“ реконструирана по мерка...

Центар: Герасимовски – Новата трпезарија во ООУ ,,11 Октомври“ реконструирана по мерка на децата

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го посети основното училиште „11 Октомври“, каде пред стартот на новата учебна година темелно е реконструирана училиштната трпезарија.

Во трпезаријата на површина од 165 квадратни метри се заменети старите дотраени плочки, поставени се дрвени облоги на ѕидовите, а старите врати се заменети со нови ПВЦ врати. Набавен е комплетно нов модерен мебел. Новите маси со димензии 140×90 се изработени од материјал отпорен на топлина и гребење. Модерниот и разигран дизајн на трпезаријата го надополнуваат столчињата во живи и весели бои, со ергономски дизајн за поудобно седење и заоблени агли за подобра безбедност. Реконструиран е и делот на кујната каде се приготвуваат оброците за учениците.

„Сакавме да креираме простор каде нашите најмлади ученици ќе се чувствуваат пријатно и убаво кога појадуваат и ручаат. Тоа и ни беше главниот мотив кога ја реконструиравме трпезаријата и со задоволство можам да кажам дека  успеавме во тоа. Добивме просторија реновирана по највиоски стандарди,  со задоволни и среќни деца“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Покрај реконструкцијата на трпезаријата, пред стартот на школската година варосана е фискултурната сала.

Во завршна фаза е и реновирањето на тоалетите, со промена на подните и ѕидни плочки, поставување нови подни сифони, а комплетно е сменета санитарната опрема и галантерија. Се поставува и ново осветлување, како и замена на сите постојни дрвени врати.

Општина Центар продолжува да вложува во квалитено образование, училиштната инфраструктура и правилниот развој на младите.

Извор: Општина Центар

Прочитајте