spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштена во употреба атлетска патека и трибина во рамки на спортскиот...

Илинден: Пуштена во употреба атлетска патека и трибина во рамки на спортскиот комплекс „Драго Маневски“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ја пуштија во употреба новата атлетска патека, која се наоѓа во рамки на новиот Спортски комплекс „Драго Маневски“, односно околу изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден.

 На настанот покрај големиот број присутни љубители на спортот присутни беа и пратеници, советници, дитектори како и големи спотрски имиња.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата на овој спортски комплекс доби сосема нов лик кој го носи името на нашиот сограѓанин, паднатиот борец Драго Маневски од Илинден. Тој додаде дека Општината е голем поддржувач на спортистите, а доказ за тоа се големиот број спортски натпревари, но и инвестициите кои ги прави Општината за создавање на соодветни, модерни спортски терени за нашите спортисти.

Спортски комплекс со атлетска патека за прв пат е изграден во Општина Илинден, такашто спортистите односно атлетичарите од Општина Илинден сега имаат одлични услови за вежбање со цел остварување на големи успеси. Оваа атлетска патека можат да ја користат и најмладите кои имаат афинитети кон атлетиката, но и оние посериозните, сениорите кои веќе се докажани и ќе ги развинаат своите атлетски способности за уште поголеми резултати, како во Македонија така и на странство, изјави Георгиевски.

Министерот за спорт, Борко Ристовски го поздрави овој проект и истакна дека ретки се градоначалниците како Георгиевски кои вложуваат со особено внимание во спортската инфраструктура, спортистите и младите. Министерот додаде дека министерството за спорт секогаш ќе биде отворено за поддршка и реализација на проекти.

Атлетската патека е изградена со 4 патеки во вкупна должина од 200 метри, на која е поставена најсовремена тартан подлога. Покрај патеката изградена е  бетонска трибина на која се поставени 175 седишта, како и  ограда околу трибината.

Во рамки на активностите од настанот во придружба со претставници од фамилијата, беше откриена и спомен таблата на паднатиот борец Драго Маневски.

Пред почетокот на свеченоста во градоначалничкиот кабинет, градоначалникот Александар Георгиевски, му врачи плакета на атлетичарот Дарио Ивановски, за особен придонес и промоција во спортот.

Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...