spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски учесник на 33 издание на Економскиот форум во Полска

МДТ: Министерот Андоновски учесник на 33 издание на Економскиот форум во Полска

Во рамки на Економскиот форум што се одржува во Република Полска, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се обрати на централната пленарна сесија “Централна и Источна Европа: Нов лидер во дигиталните иновации”, каде што дискутираше за дигиталната трансформација, регионалната соработка и европската интеграција преку дигитализација.

“Нашата цел е да ја претвориме Република Македонија во атрактивна дестинација за технолошки инвестиции и иновации што ќе придонесе за економски раст и создавање на нови работни места “, рече министерот Андоновски, потенцирајќи дека како држава подготвени сме да бидеме активни учесници во дигиталната трансформација на регионот.

Тој повика на поблиска соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа во областа на дигитализацијата, бидејќи како што рече, заедничкиот напредок во оваа област ќе придонесе кон поголема конкурентност и просперитет за сите.

Учеството на министерот на овој престижен форум уште еднаш ја потврдува силната заложба на нашата земја за забрзан дигитален развој и за остварување на амбицијата да се стане важен фактор во дигиталната економија, не само во регионот но и пошироко во Европа.

Овој, 33 по ред Економски форум  на едно место собра повеќе од 100 врвни светски компании во Карпач, каде учествуваат речиси 6.000 гости на преку 500 настани во период од три дена колку што трае форумот.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...