spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПроверен факт: Решен е проблемот, нема веќе турканици, вадење пасоши и лични...

Проверен факт: Решен е проблемот, нема веќе турканици, вадење пасоши и лични документи во редовен рок

Почитувани,

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.

Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската.

Извор: Влада

Прочитајте