spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе

Илинден: Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците н„10“ и улица „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден.

Станува збор за доста важен дел од овие две улици, затоа што е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на локалната економска зона Ограѓе, како и за растеретување на утринскиот сообраќаен метеж кај новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден, каде од сега ќе може да се користи како алтернативен пристап до училиштето.

Покрај асфалтирањето на овој дел поставени се и цевки под коловозот со цел одведување на атмосферските води.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината. 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте