spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши - По замрзнати цени на школскиот прибор, следи намалување на...

МЕТ: Дурмиши – По замрзнати цени на школскиот прибор, следи намалување на цените на основните прехранбени производи, носиме мерки за заштите на стандардот на граѓаните

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат денеска посетија две книжарници во Скопје, каде направија увид за примена на мерката на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ со која се намалија маржите на школскиот прибор.

„Министерството за економија и труд и Владата со цел да им излезат во пресрет на граѓаните за подобрување на животниот стандард и намалување на трошоците минатата недела донесе одлука за замрзнување на маржата на училишниот прибор на 10% во трговија на мало и на 5% во трговија на големо.  Целта на оваа мерка е да се намалат цените на приборот кој го користат учениците, и да се намалат трошоците на домаќинствата, пред се на оние семејства кои имаат ученици.Денеска заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат дојдовме и посетивме две книжарници во Скопје за видиме како се применува оваа мерка. Како што можете да забележите и вие цените на школскиот прибор кој беше утведен во нашата листа има драстично намалени цени“ кажа министерот Дурмиши по посетата на книжарниците.

Како што кажа Дурмиши, според информациите на терен од инспекторите засега мерката се почитува од страна на трговците на големо и трговците на мало и не е утведено непостспување.

„Инспекторите ќе продолжат со својот надзор на терен се со цел да обезбедиме целосно почитување на мерката не само тука во главниот град, туку и низ целата држава“ кажа Дурмиши.

Министерот исто така информираше дека со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, утре до крајот на денот, Министерството за економија и труд во соработка со Министерството за земјоделство и со Министетството за финансии ќе подготви листа на производи кои ќе бидат вклучени во есенска потрошувачка кошница –листа на околу 100 основни прехранбени производи (земјоделски и прехранбени)

„Работната група ќе направи симулација за ограничување или на цените или на маржите на овие 100 производи. Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5%, 10% или 15% на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво.  Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка. Предлогот и симулацијата на оваа есенска потрошувачка кошница ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе донесеме одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот нотираше дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува.

„Во исто време сакам да информирам дека Законот за нефер трговски практики останува на сила и рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10% почнувајќи од 28 септември, како што претходно беше утврдено со Законот.Посветени сме да го даддме најдоброто за нашите граѓани и за нашата земја. Тоа се постигнува со конкретна работа и делувања“ кажа Дурмиши.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...