HomeМинистерстваМЕТ: Има голем простор за унапредување на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија...

МЕТ: Има голем простор за унапредување на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Јапонија

spot_img
spot_img

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Оцуко Казуја.

На средбата беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи.

Министерот Дурмиши на состанокот нотираше дека трговската размена меѓу Северна Македонија и Јапонија не е голема, но има простор дополнително да се унапреди во наредниот период.

„Во наредниот период како Министерство за економија и труд согласно нашите надлежности ќе работиме на подобрување на деловната клима за привлекување на нови странски инвестиции. Јапонските инвеститори се добредојдени во нашата земја и се надевам дека во наредниот период преку заедничка соработка ќе донесеме нови компании од Јапонија да работат на македонскиот пазар, со цел дополнително зајакнување на економските врски меѓу двете земји“ кажа министерот Дурмиши на средбата.

Министерот се заблагодари на континуираната поддршка и придонесот на Јапонија во јакнење на стабилноста и просперитетот на Западен Балка и кажа дека длабоко ја цени јапонската Иницијатива за соработка со Западен Балкан и поддржувањето за членство во Европската Унија, како важен фактор за стабилноста на Регионот.

Двајцата соговорници се согласија дека преку заеднички иницијативи и проекти во наредниот период ќе работат за зголемување на билатералната соработка помеѓу двете земји.

Извор: Министерство за економија и труд

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија