spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба Јанкуловски – Паолучи - Забрзување на динамиката на проектите поддржани...

МФ: Средба Јанкуловски – Паолучи – Забрзување на динамиката на проектите поддржани од Светската банка

Динамиката на спроведување на проектите за кои е обезбедена финансиска поддршка од Светската банка беа тема на средбата на заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски со директорот на Светската банка во земјава Масимилијано Паолучи.

„Во моментов активни се 10 проекти кои се реализираат со поддршка од страна на Светската банка. Отворивме корисна дискусија во однос на динамиката на нивната реализација, при што изразивме заинтересираност да вложиме напори да се забрза имплементацијата и да се ползуваат ефектите од проектите во што поскоро време“, рече заменик-министерот за финансии.


Тој додаде дека преку Рамката за партнерство со Светската банка на земјата ѝ стојат на располагање доволно средства, а притоа ќе се вложат напори во зголемување на капацитетите на институциите за да може да се реализираат тие средства и да дадат позитивно влијание во повеќе области во општеството.

Имено, со поддршка од Светската банка во моментов се имплементираат 10 проекти во вредност од близу 500 милиони американски долари. Тие се насочени кон подобрување на општинската инфраструктура, изградба и реконструкција на патишта, модернизација на земјоделството, енергетска ефикасност, како и за реформи во социјалната сфера, основното образование и јавната администрација.

Преку новата Рамка за партнерство за периодот 2024-2028 година, на земјата ѝ стојат на располагање 695 милиони евра насочни кон поддршка на проекти кои ќе придонесат за подобрување на окружувањето, за отворање нови и подобро платени работни места во приватниот сектор, зајакнување на отпорноста на климатски промени, како и за намалување на загадувањето. Светската банка е силен поддржувач на земјата во спроведувањето на низа значајни реформи и развој на општеството. Досега се спроведени 67 проекти во вредност од над 2,9 милијарди американски долари.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...