HomeМинистерстваМЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток

spot_img
spot_img

Деветта годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на Деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, изјави дека Северна Македонија има нов почеток. Тој додаде дека во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.

„Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Северна Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ВЛЕН. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива“, изјави Меџити во интервјуто за Гласот на Америка.

https://youtube.com/watch?v=c-aQeR8XuPY%3Fsi%3D4mtUq6KTkj9xk-qQ

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија