HomeМинистерстваМЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со американскиот помошник секретар за енергетски...

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со американскиот помошник секретар за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат

spot_img
spot_img

За време на официјалната посета на Соединетите Американски Држави, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари работна средба со помошник-секретарот на САД за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат.

Меџити информира дека на оваа средба, на која бил продружуван од  министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, се разговарало за состојбата со енергетските ресурси во земјава и долгорочните планови за инвестиции во овој витален економски сектор.

“На средбата разговаравме за енергетските ресурси во нашата земја, а посебно се фокусиравме на инвестициите што ги планираме за производство на електрична енергија од зелени извори. Една од нашите главни цели е да ја намалиме зависноста од увоз на енергија од други земји“, рече Меџити.

Првиот вицепремиер изјави дека важна точка од разговорот со помошник-секретарот за енергетика на САД било вклучувањето на Северна Македонија во Трансанадолскиот (ТАНАП) и Транс-јадранскиот гасоводот (ТАП), како план за значително намалување на увозната зависност на енергија од странство, што според него ќе придонесе за енергетска стабилност на земјата.

“Информирав и за долгорочниот план што нашата влада го составува во областа на енергетиката, за подобрување на квалитетот на воздухот и водите во државата. Посветеноста на зелената иднина останува наш приоритет” изјави вицепремиерот Меџити, по средбата со помошник секретарот Пајат, средба која ја остварил во склоп на официјалната посета на САД.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија