spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работна средба со претставници на Делегација на Европска Унија во Република...

ДКСК: Работна средба со претставници на Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија

Претседателот Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 16.09.2024 година во просториите на ДКСК остварија работна средба со г-ѓа Ќиара Бискалди и г-ѓа Катерина Гулисано од Делегацијата на Европска Унија, Политичкиот Сектор во Република Северна Македонија.

На средбата се дискутираше за статусот и законските надлежности на ДКСК, за постигнатите резултати, за тековните и планираните активности и за идните предизвици на ДКСК.

Претставниците од Делегацијата на Европската Унија беа информирани за соработката на ДКСК со другите надлежни институции во Република Северна Македонија како и за потребата од унапредување на истата во насока на имплементирање на препораките и иницијативите на ДКСК.

Претседателот на ДКСК изрази благодарност за долгогодишната поддршка на Делегацијата на Европска Унија за зголемување на ефикасноста во работењето на ДКСК и подготвеноста за понатамошна соработка во предизвиците поврзани со борбата против корупцијата и владеењето на правото.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...