spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: На меѓународниот фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “ прогласени најдобрите екипи

Илинден: На меѓународниот фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “ прогласени најдобрите екипи

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 2000 учесници од околу 160 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ги доделија медалите и пехарите на најдобрите екипи.

Екипите беа поделени во шест категории, такашто во категоријата на деца од 2012 година првото место го освои „Кожуф“, второ место за „Н.Колонија„ и третото место за „Форца“.

Во категоријата на деца од 2013 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Еуроспорт“ и трето место за „Национал А“.

Во категоријата на деца од 2014 година првото место е за „Партизан“, второ место за „Будучност“ и трето место за „Гроздановски ЦРВ“.

Во категоријата на деца од 2015 година првото место го освои екипата на „Национал А“, второто место за „ЦР.Ѕвезда“ и третото место „Форца“.

Во категоријата на деца од 2016 година првото место е за „ЦР.Ѕвезда“, второ место за „ЦСКА“ и третото место за „Форца“.

Во категоријата на деца од 2017 година прво место е за „Тампа кидс“, второто место е за „Бутел“ и трето место за „Аеродром“. „ИЛИНДЕН КУП 2024“ е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на Општина Илинден. На терените во Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.  

Извор: Општина Илинден

Прочитајте