HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев, оствари средба со Хавиер Систернас, експерт од СИГМА (заедничката...

МЈА: Министерот Минчев, оствари средба со Хавиер Систернас, експерт од СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија)

spot_img
spot_img

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со Хавиер Систернас, експерт од СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија), кој е задолжен за спроведување и поддршка на реформите во јавната администрација. 

На состанокот се разгледуваа тековните активности на Министерство за јавна администрација, како и напредокот на оценската мисија на СИГМА во нашата земја.

Експертот на СИГМА, Систернас истакна дека ќе дадат поддршка на процесот за подготовка на предлог законите кои Министерството за јавна администрација ги повлече од Собраниска процедура.

Министерот Минчев нагласи дека Министерството, како координатор на процесот на реформа на јавната администрација во Република Северна Македонија, ќе продолжи да обезбедува целосна поддршка за мисијата на СИГМА. Тој исто така информираше за тековните активности на новото министерство и напредокот во донесувањето на потребната законска регулатива согласно Стратегијата за Реформа на јавната администрација (2023-2030) и акцискиот план (2023-2026).

Извор: Министерство за Јавна Администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Аеродром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

0
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде што по повеќе години,...