spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Лирија“ во Долно Јаболчиште...

МОН: Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Лирија“ во Долно Јаболчиште во Чашка

Од денеска основците од „Лирија“ во Долно Јаболчиште во Чашка посетуваат настава во нов училишен објект, кој го изгради Министерството за образование и наука во соработка со локалната самоуправа. На отворањето на училиштето се обрати заменик министерот за образование и наука проф. д-р Лулзим Алиу кој, посакувајќи им на учениците и наставниците успешен почеток на учебната година, рече дека новиот објект е симбол на напредокот, но и на заедничката посветеност за создавање на достоинствено образовно опкружување за учениците.

„Со овој нов училишен објект им даваме на учениците нови можности за да ги развиваат своите таленти и да ги следат своите соништа во модерна средина опремена со нов инвентар, клупи, столчиња и потребни дидактички средства за обезбедување што поквалитетно образование“, рече Алиу.

Тој посочи дека една од главните заложби на Министерството за образование и наука е подобрување на образовната инфраструктура, но и обезбедување на квалитетни учебници по сите предмети.

„Со задоволство можам да кажам дека годинава сите основни училишта се снабдени со потребните учебници. Секој ученик да ги има потребните дидактички средства за следење на наставата и за напредок во своето образование“, нагласи заменик министерот, додавајќи дека Владата ќе продолжи да работи на зголемување на стандардите за наставата, поддршка на професионалниот развој на наставниците и обезбедување на потребната инфраструктура во секое училиште.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте