spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Поддршката од Швајцарија на приоритетните области - млади, социјално ранливи граѓани...

МСПДМ: Поддршката од Швајцарија на приоритетните области – млади, социјално ранливи граѓани и родова еднаквост продолжува

Министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, на која стана збор за досегашната соработка и идните планови за понатамошни проекти.

Соговорниците разговараа за неколку главни области кои се во надлежност на Министерството во кои Швајцарија преку Амбасадата во нашата држава е вклучена со поддршка на истите. Политиките за младите и идната стратегија за обезбедување на можности за нивни напредок и задржување во државата, социјалната заштита на граѓаните од ранливите категории, како и родовата еднаквост беа главните точки на кои се дискутираше на оваа средба.

Министерот Лимани се заблагодари на досегашната поддршка која Швајцарија и ја дава на Република Северна Македонија изминатите години и изрази подготвеност за продлабочување на соработката на заедничките проекти.

Амбасадорката Улман уште еднаш ја потврди заложбата на Швајцарија за поддршка на земјава во политиките кои имаат за цел унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...