spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНационалниот координатор за реформи во високото образование, Грчева оствари средба со претставници...

Националниот координатор за реформи во високото образование, Грчева оствари средба со претставници на студентските организации од државните и приватните универзитети

Националниот координатор за реформи во високото образование, Проф. д-р Солза Грчева, оствари средба со претставници на студентските организации од државните и приватните универзитети во Република Северна Македонија.

На средбата која беше наменета првично за меѓусебно запознавање, беа опфатени и актуелни теми за кои се засегнати студентите како студентскиот стандард, квалитетот на наставата, нивната вклученост во научно истражувачката работа и слично.

Националната координаторка стави акцент на унифицирањето на критериумите на напредување на професорите, студиските програми, предностите на професионалните студии и дигитализирање на услугите во универзитетите, теми кои се поставени како цели на нејзино делување. За сите овие прашања студентите изразија заинтересираност.

Соработката со студентите е повеќе од неопходна, тие се главниот чинител и само со постојаната отворена комуникација со нив, може да се постигне подобрување на високото образование во нашата држава и да се спречи одливот на мозоци.

Оваа перцепција беше прифатена и од двете страни, а комуникацијата ќе продолжи да се интензивира во блиска иднина.

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Карлебах, консултантка за реформа на...

0
Денеска, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот...