spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗП на Владата за политички систем, Димовски на средба со новоименуваниот...

ЗП на Владата за политички систем, Димовски на средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер

Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денес оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер.

На средбата во отворен разговор, беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји. Исто така беше потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на капацитетите и суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина. Се оценија како позитивни користењето на праксите од земјите членки на ЕУ и експертската поддршка во одредени области.

Честитајќи му на амбасадорот за новата должност заменикот претседател на Владата, Димовски му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од нејзино интензивирање меѓу двете земји.

Извор: Влада

Прочитајте