Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е Андреа Силвестри.
Во фокусот на средбата беа областите демографија и млади, моменталната состојба и можностите за подобрување на демографската слика во земјава преку креирање на политики и преземање на конкретни акции.
Соговорниците се согласија дека демографијата и задржувањето на младите дома, се предизвици со кои се соочува не само Македонија, туку и многу европски држави, вклучително и Италија.
Од страна на министерот Лимани беше нагласено дека демографијата во една земја се развива кога социјалниот и економскиот статус на граѓаните е осигуран, како и враќањето на довербата на граѓаните во системот, на што посветено работи оваа Влада.
Соговорниците зборуваа и на темите родова еднаквост, социјална сигурност, пензиски систем, како и можностите за инвестиции во земјава. Во делот инвестиции беше нагласена подготвеноста на двете држави за продлабочување на соработката и влез на нови инвестиции во Република Северна Македонија.
Од страна на амбасадорот Силвестри беше уште еднаш потврдена поддршката на земјава на евроинтегративниот пат и подготвеноста за поддршка во овие процеси.
Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади