spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧашка: Детска трка „Растеме заедно 2024“

Чашка: Детска трка „Растеме заедно 2024“

Атлетскиот клуб „Велес“ во соработка со општина Чашка и трите основни училишта на фудбалското игралиште во Чашка ја организираше првата детска трка „Растеме заедно 2024“ на која учествуваа 60 ученици од второ до деветто одделение од основните училишта во општина Чашка.

Учениците се натпреваруваа на 100, 200, 300 и 400 метри.

Организаторот, на најдобрите за освоено прво, второ и трето место во сите четири категории според возрасти во женска и машка конкуренција им врачи пофалници.

На настанот присуствуваше Роберто Димитревски атлетичар од Атлетскиот Клуб „Велес“.
Целта за организирање на  трката е поттикнување на спортот кај децата, посебно за трчањето.
-Идејата на детска трка насловена „Растеме заедно 2024“ е да ги собереме децата од сите три училишта, меѓусебе да се запознаваат и да другаруваат преку спортот.

Од Атлетскиот Клуб „Велес“ на сите деца – учесници им упатија порака дека сите ученици кои дојдоа и се приклучија на детската трка се победници, и дека оваа трка ќе се оддржи традиционално секоја година.

Атлетскиот Клуб „Велес“ оваа трка ја организираше со поддршка на Советот на Општина Чашка, градоначалникот Горан Стојановски, и фирмите спонзори: „Агро Ели“ од Велес која обезбеди 100 пакетчиња за децата присутни.

Општина Чашка и фирмата „Декор-96“ од Чашка обезбедија по 30 или вкупно 60 маички за сите деца учесници во трката.

Трката ја поддржа и печатницата „Јовановски  Принд Трејд“ од Велес. Организаторот Атлетскиот Кклуб „Велес“ од Велес воедно додели и благодарници на сите поддржувачи и спонзори на трката.
Се надеваме дека ова детска трка ке биде традиционална и ќе се оддржи секоја година.

Извор: Општина Чашка

Прочитајте

Карпош: Македонската Спортска Стрелачка Федерација ќе функционира во рамки на спортската...

0
Во амфитеатарот на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош ја одржаа 57-мата седница каде расправаа и полноправно одлучуваа по 17 точки кои се најдоа...