spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНоваци: Асфалтирање на улици до Индустриската зона

Новаци: Асфалтирање на улици до Индустриската зона

Општина Новаци во соработка со Министерство за транспорт и врски го реализира еден од најголемите и најзначајните проекти за економскиот развој на нашата општина. Започнуваме со изградба на двете улици крак 1 и 2 т.н Златен клас кои водат до Индустриската зона во Новаци со вкупна должина од 1,2 км. Градежните активности вклучуваат асфалтирање, атмосферско одводнување, улично осветлување и изградба на тротоари. Ширината на улиците изнесува 11 метри со што се исполнуваат сите услови за модерно поврзување со Индустриската зона и непречен економски раст и развој на Општина Новаци за фабриките и производните капацитети од лесна и незагадувачка индустрија кои ќе се отворат во ИЗ Новаци. Исто така ќе се обезбеди безбеден проток на сообраќајот како за возилата така и за жителите од овај дел на Новаци.

Претходно со средства од буџетот на Општина Новаци беше направена изградба на водоводна и канализациона мрежа со која ќе се поврзи Индустриската мрежа.

Ние се грижиме за нашите жители, ветувме но и исполнуваме и реализираме капитални проекти за подобар квалитет на живот.

Извор: Општина Новаци

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...