HomeОпштиниНоваци: 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици...

Новаци: 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование

? И оваа година обезбедивме 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци.

? Исто така и оваа година како и изминатите три ќе набавиме таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини.

?Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата. Токму затоа направени се нови санитарни јазли и реновирани се училниците и ходниците во централното училиште, набавени се електронско – технички помагала, смарт табли, телевизори и нагледни средства.

? На првачињата им посакувам да се радуваат на првиот училишен ден кој секогаш ќе го паметат како почеток на еден нов период во животот а на останатите ученици им посакувам успешен почеток на учебната година.

Извор: Општина Новаци

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте