spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности

МДТ: Министерот Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница. 

 Министерот на потенцијалните проектни донатори им ја соопшти визијата и мисијата на министерството за дигитална трансформација, и им се заблагодари за досегашната поддршка и придонесот во развојот на државата.

“Се заблагодарив за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за севкупниот развој. Ја споделив нашата визија за дигитализирана Македонија, која ја гледаме како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат борбата против корупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество”, изјави министерот Андоновски.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...