spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Повик за доделување мали грантови за управување со отпад

Аеродром: Повик за доделување мали грантови за управување со отпад

Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.

Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.

Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.

Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.

Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.

Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.

Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.

Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.

Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата CleanAirDrom@aerodrom.gov.mk. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.

Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк:

http://aerodrom.gov.mk/kategorija/oglasi

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте