spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Има цврста основа за зголемување на соработката помеѓу Северна Македонија и...

МЕТ: Има цврста основа за зголемување на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство

Министерот за за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на Берлинскиот процес оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На средбата беше оценето дека одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, како и за градење на нови деловни релации помеѓу бизнис заедниците помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши го информираше Комесарот Бартон за економските приоритети на Влада, притоа истакнувајќи дека истите може да бидат искористени за создавање на нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.

Министерот Дурмиши на средбата потенцираше дека Обединетото Кралство е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа на 2-то место од земјите со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена и која бележи контунуиран раст.

 “Радува податокот дека за 10 години вкупните странски инвестициите од Обединето Кралство во Република Северна Македонија изнесуваат износ од 508,8 милиони евра, што ја прави Обединето Кралство земја која е еден од најголемите инвеститори. За нас како министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот Дурмиши се заблагодари на поддршката која што континуирано ја добива Северна Македонија од владата на Обединтетото Кралство пред се преку поддршка во реформите и во развојниот процес на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...