Соопштение
Упатство за корисници за постапки при проверка на податоци по поднесени барања
Денес во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа прес конференција на која директорот на АФПЗРР Илија Стоилев ги сподели податоците за креирањето на Модулот/прегледник наменет за земјоделските стопанства, а воедно ја истакна важноста и пристапноста на овој модул за сите корисници.
Ветувањето на Владата и Министерството за земјоделство ,шумарство и водостопанство за транспарентност во работењето Агенцијата за финанасика поддршка во земјоделството и руралниот развој го спроведува на дело. Со цел за транспарентто работење и отварање на Агенцијата кон земјоделците и сите останатите субјекти, како и овозможување на барателите добивање на навремени и точни податоци поврзани со поднесените барања, АФПЗРР креираше модул/прегледник кој содржи база на податоци преку кој се овозможува по електронски пат следење на информации и податоци поврзани со поднесените барања за финансиска подршка.
Модулот/прегледник е наменет за земјоделските стопанства (баратели) кои поднеле барања преку ова софтверско решение за да можат самостојно, преку пребарување да ги добијат најважните податоци поврзани со поднесените барања.
Преку новокреираниот модул ,,ПРЕГЛЕД БАРАЊЕ,, барателите можат да ги добијат следните податоци за секоја мерка одделно:
-СТАТУС НА МЕРКАТА
-АВТОРИЗИРАН ИЗНОС И ДАТУМ НА АВТОРИЗАЦИЈА
-ИСПЛАТЕН ИЗНОС И ДАТУМ НА ИСПЛАТА
-СТАТУС НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ,,НЕВАЛИДЕН,, (баратели кои доставиле невалидна трансакциска сметка)
-ЕВИДЕНТИРАНИ НЕНАМИРЕНИ ОБВРСКИ ПО СИТЕ ОСНОВИ РЕЛЕВАНТНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКАТА
За пристап кон пребарување на податоците потребно е да се внесе ЕМБГ за физичко лице или ЕДБ за правен субјект како и бројот на креираното единствено електронско барање на субјектот.
АФПЗРР изготви упатство за корисници кое ќе биде достапно на WEB страната на АФПЗРР и ќе биде доставено до Подрачните единици на МЗШВ.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој