Почитувани,
Забележана е појава на остварување контакт со лица од Република Македонија со лажно претставување преку профил на Instagram “plati_si_go_kredito(iute credit)”. Поконкретно, лажното претставување е дека контактот е во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, а со нив испраќачите може да имаат за цел, повикувајќи се на лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени.
Оттука, укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете пораки од наведениот профил или од било кое друго лице за коишто цените дека се од сомнителен карактер, а во коишто има претставување во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. Во случај да се сомневата, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација нити пак да дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за достава на било кој друг личен податок.
Во секое време сте добредојдени и да нè контактирате, но единствено на официјалните канали за комуникација на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје:
Телефон: 13-333
E-адреса: info@iute.mk
Официјални профили на социјалниte мрежи:
Извор: Иуте Македонија