spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши - Со паметна специјализација ќе постигнеме поголем развој на економијата...

МЕТ: Дурмиши – Со паметна специјализација ќе постигнеме поголем развој на економијата на база на иновации

    „Од огромна важност за развојот пред се за иновациите во Северна Македонија е Старегијата за паметна специјализација која е фокусирана на развојот на економијата на база на иновации“, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на Министерскиот состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт кој денеска се одржува во Скопје.

    На панел дискусијата на која се зборуваше за истражување и иновации министерот Дурмиши истакна декан клучната улога во развивање на стратегија уште од самиот почеток беше на Министерството за образование и наука и Министерството за економија, а беа вклучени и повеќе други министерства, институции, стопанските комори, академијата и претставници од бизнис секторт.

    “Во следниот период следи формализирање на управувачката структура, каде на највисоко ниво ке биде формиран комитет за паметна специјализација, иновации и претприемништво. Овој комитет треба да обезбеди координација на политиките на највисоко ниво, каде приоритет се зајакнување на конкурентноста и иновативноста на бизнис секторот, развој на вештини, развој на науката, интернационализација“ кажа Дурмиши и потенцираше дека Министерството за економија и труд има активна улога во креирање мерки за поддршка на конкурентноста на бизнис секторот. Деновиве ќе објави втор повик за кофинансирање на проекти во четворен хеликс за паметна специјализација, зелена и дигитална трансформација.

    „Искуствата од првиот пилот повик покажаа дека и академијата и бизнисот пројавија голем интерес и спремност за соработка, дека постојат капацитети, вештини, знаење и визија за развој. Министерството за економија и труд останува да биде значаен партнер во имплементација на стратегијата која треба да резултира со зголемена конкурентност и развој“ кажа Дурмиши и додаде дека предизвик претставува и пристапот до финансирање.

    “За разлика од ЕУ земјите кои имаа пристап до кохезионите фондови, посебни фондови за финансирање на иновативни проекти, нашите извори на средства се доста ограничени.Министерството за економија и труд останува да биде значаен партнер во имплементација на стратегијата која треба да резултира со зголемена конкурентност и развој“ кажа министерот.

    На панел дискусијата на која се дебатираше за Стратегијата за паметна специјализација министерот кажа дека целиот концепт на паметна специјализација е во соработка, доверба, перспективни идеи и градење партнерства.

    “Но пред нас е најтешкиот дел, да се претворат тие стратешки цели во пракса. Целиот тој позитивен и креативен дух, кој се поттикна во креирањето на стратегијата да се реализира, за што треба силна посветеност, волја и знаење. Имајќи го во предвид различниот статус на развој на деловниот, иновативниот и истражувачкиот еко систем, од огромно значење е поддршка на конкретни проекти за Западен Балкан за зајакнување на националните капацитети, регионални вмрежувања и вклучување во Европските иницијативи и проекти за нови иновации, индустриски алијанси, стратешки индустриски проекти. Министерството за економија и труд е контакт точка за платформата Регионални Иновациони долини, заедно со МОН организираме работилница со Интеррег Европа за пренос на искуства за паметна специјализација, активно соработуваме со ЕИТ секретаријатот, вклучени сме во имплементација на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар на Регионалниот совет за соработка и многу други активности. Значајна поддршка ќе биде Реформската агенда и мерките кои се предвидени за зајакнување на институционалната инфраструктура за иновации, истражување и развој“ кажа Дурмиши и додаде дека со носењето на стратегиите за паметна специјализација, сите земји од регионот ја потврдија својата посветеност и определба за прифаќање на целите на Европската иновациона агенда.

    “Како последна порака би сакал да нагласам дека треба да се препознаат можностите од паметната специјализација во соработката на регионот и ЕУ бидејки нуди единствена можност да се мотивираат и поврзат развојните сили и иницијативи и заеднички да создадеме нови партнерства, иновации, нови производи, нови пазари, вклучување во глобални ланци на вредности и поголема регионална, европска и глобална конкурентност“ кажа министерот.

    Извор: Министерство за економија и труд

    Прочитајте