spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМитева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме...

Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,  

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година.

Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...