spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМитева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на...

Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани

Почитувани граѓани, почитувани медиуми Ви благодарам на сите за вниманието и за присуството!

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава.

Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики.

Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.

Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување.

Почитувани, овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија. Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности. 

Продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина. 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Министерот Тошковски во посета на општината

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На средбата се разговараше за актуелни теми во однос...