Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари средба со амбасадорката на Шведска Н.Е. Ами Ларсон Џеин.
Во убава и пријателска атмосфера, Ларсон и Лашкоска разговараа за досегашната соработката во областа животна средина, особено во делот на квалитет на амбиенталниот воздух и заштита та на природните вредности, како и за развивање на истата во наредниот период.
Шведска како еден од поголемите донатори во државата ќе продолжи и понатаму да и помага на државата и на Министерството за животна средина и просторно планирање во реализација на проекти за заштитата на животната средина во интерес на сите граѓани.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање